Достапни линкови

Министерска конференција за борбата против трговијата со луѓе


Денеска и утре во Брисел ќе биде одржана Конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Европската унија, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, посветена на борбата против трговијата со луѓе. На Конференцијата која тематски е произлезена од проектот „Кон глобалната акција на ЕУ против трговијата со луѓе“, финансиски поддржан во рамките на програмата за превенција и борба против криминалот на Европската комисија, министрите на двете пленарни сесии ќе разговараат за меѓународната соработка за превенција на трговијата со луѓе, за соработката во заштитата и помошта на жртвите од трговијата со луѓе, за соработката меѓу правосудните институциии и полицијата во оваа област, како и за соработката во заштитата на децата од трговијата со луѓе. На собирот ќе учествуваат и македонските министри за внатрешни работи и за правда Гордана Јанкулоска и Михајло Маневски.
XS
SM
MD
LG