Достапни линкови

Македонија и Косово - дипломатски односи


Влада на Република Македонија
Влада на Република Македонија
Како што денеска соопшти Министерството за надворешни работи, документот во Скопје го потпишал министерот Милошоски, а неколку часа подоцна во Приштина и косовскиот шеф на дипломатијата Хисени. Во него е наведено дека двете страни се заложуваат за зајакнување на пријателските врски врз основа на меѓусебно почитување на националниот суверенитет, независноста и територијалниот интегритет.
Во телефонскиот разговор на двајцата министри по официјалното потпишување на Коминикето, беше истакнато заемното задоволство од овој чин, нагласувајќи дека воспоставувањето дипломатски односи ќе придонесе за натамошното развивање на соработката, во интерес на мирот и стабилноста во регионот.
Според Македонското министерството за надворешни работи Милошоски и Исени начелно договориле билатерална средба во блиска иднина, во насока на продлабочување на политичките контакти помеѓу двете земји.
Косово е 127 земја со која Република Македонија воспоставила дипломатски односи под уставното име. Македонија ја призна независноста на Косово на 9 октомври минатата година, но воспоставувањето дипломатски односи беше одложувано, меѓу другото, и поради отвореното гранично прашање.

Ратификација на договорот за демаркација на мак-косовската граница

Собрание на Косово


Дипломатските односи следат по претходната ратификација на Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово од страна на Парламентите во Скопје доцна синоќа и Приштина вчера претпладнето.
На ратификацијата на Договорот во Македонскиот Парламент пак му претходеше дебата меѓу опозицијата и власта.

Според Вмро дпмне со балансирање на граничната линија двете земји најдоја заеднички јазик и ги надминаа недоразбирањата, а Македонија со решавањето на ова прашање го покажува својот капацитет за изнаоѓање решенија.
Пратениците на владеачката ДУИ сметаат дека двете држави испратиле пораки дека конфликтните прашања на Балканот ги решаваат со преговори и договори.
СДСМ пак порача дека никој нема против затворањето на ова стратегиско прашање за разграничување со Косово, но тоа да не е на штета на Република Македонија. Според опозицијата со овој договор се менува официјалниот договор од 2001 година за демаркација на границата што е депониран во Обединетите нации, а кој е потпишан од поранешните претседатели на Македонија и на СРЈ, Трајковски и Коштуница
Договорот за демаракција на границата претходно го ратификуваше и косовскиот Парламент, од втор обид откако првиот беше неуспешен бидејќи не го доби потребното двотретинско мнозинство.
XS
SM
MD
LG