Достапни линкови

„Божји војници„ ја презедоа одговорноста за нападот во Иран


Тајната сунитска организација „Божји војници“ ја презеде одговорноста за нападот во Иран во кој загинаа најмалку 30 луѓе вклучувајќи и петмина високи команданти на иранската елитна Револуционерна гарда. Организацијата „Божји војници “дејствува во регионот Систан-Балуџистан, која граничи со Авганистан и Пакистан. Во тој регион живеат сунити кои се противат на владата на Иран.
Бомбаш самоубиец упаднал на состанок на претставници на Револуционерната Гарда и племенските водачи што се одржувал во градот Пишхен.

XS
SM
MD
LG