Достапни линкови

Македонија воспостави дипломатски односи со Косово


Македонија и Косово доцна синоќа воспоставија дипломатски односи . Министрите за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошевски и на Косово, Скендер Хусени, потишале Коминике, откако парламентите го ратификуваа договорот за демаркација на границата, соопштуваат од Македонското министерство за надворешни работи, јавува МИА. Косово е 127 земја со која Македонија воспоставила дипломатски односи под уставно име. Македонија ја призна независноста на Косово на 9 октомври минатата година, но воспоставувањето дипломатски односи , беше одложувано подари нерешени прашања, меѓу кои и отвореното прашање за границата.

XS
SM
MD
LG