Достапни линкови

Најмалку 29 луѓе убиени во Иран


Најновите податоци за нападот во Иран покажуваат дека најмалку 29 луѓе се убиени а исто толку повредени при нападот на бомбаш самоубиец, кој се раснел на еден состанок на елитната Револуционерна гарда и племенските лидери во градот Пишхен, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу убиените има високи воени офицери и племенски лидери и неколку невини луѓе. Од министерството соопштиле дека бргу ќе ги фатат организаторите на овој терористички напад и ќе ги казнат.

XS
SM
MD
LG