Достапни линкови

Договорот за демаркација ратификуван


Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated

Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated

Македонското Собрание, доцна синоќа, ( сабота 17.10.2009) со 72 гласа „за“ и 11 против, го ратификуваше Договорото за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово. На гласањето не присуствуваа пратениците на ЛДП и на Нова Демократија. На ратификувањето на Договорот му претходеше жестока расправија меѓу опозицијата и власта. Договорот за демаракција на границата претходно го ратификуваше и косовскиот Парламент, од втор обид откако првиот беше неуспешен бидејќи не го доби потребното двотретинско мнозинство.

Силвана Бонева во име на ВМРО-ДПМНЕ рече дека седницата е можност да се даде придонес за затворање на прашањето кое долго време беше отворено со земјата која е силен економски партнер на Македонија и со која се бележи силен суфицит.

Со балансирање на граничната линија двете земји најдоја заеднички јазик и ги надминаа недоразбирањата, рече Бонева и посочи дека Македонија со решавањето на ова прашање го покажува својот капацитет за изнаоѓање решенија.


Џевад Адеми од име на ДУИ посочи дека секое затоврање на големо прашање отвора нови перспективи.

„Секогаш на Балканот кога се решавале отворени прашање се воделе крвави борби. Денеска двете држави испраќаат пораки дека конфликтните прашања на Балканот ги решаваат со преговори и договори.“ изјави Адеми.

Двете земји испратија пораки дека конфликтните прашања на Балканот се решаваат со преговори и договори.

Игор Ивановски од СДСМ порача дека никој нема против затворањето на ова стратегиско прашање за разграничување со Косово, но тоа де не е на штета на Република Македонија. Тој посочи дека со денешниот договор се менува официјалниот договор од 2001 година за демаркација на границата што е депониран во Обединетите нации, а кој е потпишан од поранешните претседатели на Македонија и на СРЈ, Трајковски и Коштуница.

За Андреј Жерновски, кој зборуваше во име на ЛДП, потценувачко е неприсуството на премиерот Никола Груевски на седницата и објаснувањето на пратениците од власта дека отстапките за граничната линија се минорни и оти на делот што ќе го добие Македонија ќе се гради хидроцентрала, на како што рече, 3.000 метри надморска висина. За него измената на границата е неуставна бидејќи со анексите на договорот се отстапуваат 650 метри што е повеќе од дозволените 150 метри територија, заради што е потребно да се организира референдум.
Измената на границата е неуставна, бидејки со анексите на договорот се остапуваат 650 метри што е повеке од дозволените 150 и поради тоа е потребен референдум

Премерот Никола Груевски пак претходно објаснуваше дека нема никаква причина за стравување од „Договорот за демаркација на границата со Косово. Македонија не губи ниту еден милиметар од територијата“. Груевски истакна дека со демаркацијата на границата со Косово се затвора крупно политичко прашање, дека тоа значи стабилност.

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошевски, изјави дека Македонија е единствената држава од Триглав до Солун која ги има дефинирано и обележано своите гранични линии со сите свои соседи што не е случај со многу други држави во регионот. За париите од албанскиот блок, затварањето на прашањето со границата , значи отварање на патот за воспоставување на дипломатски односи со Косово.

Опозицијата во Македонскиот Парлемент не беше против затворање на прашањето на демаркацијата со Косово, но побара тоа да се направи согласно Уставот и интерсите на граѓаните.

Постигнатиот договор за демаркација на границата меѓу Скопје и Приштина го поздравија Соединетите Држави и Европската Унија. Во соопштението на американската амбасада во Скопје се вели дека по постигнатиот договор се очекува и брзо воспоставување и на дипломатски односи меѓу двете земји.

Собранието на Косово ја ратификуваше спогодбата за демаркација на границата мегу Република Македонија и Република Косово вчера. Спогодбата се ратификуваше од втор обид, бидејки на првото гласање немаше дво-третинско мнозинство. Во петокот, како што беше соопштено, договорот за демаркација го усвоија двете влади.
XS
SM
MD
LG