Достапни линкови

logo-print

Напад во Иран, најмалку 20 мртви


Околу 20 луѓе, вклучувајќи барем двајца високи команданти на иранската елитна Револуционерна гарда, се убиени денеска во напад во југоисточeн Иран. Новинската агенција ИРНА, повикувајќи се на гардискиот извештај , соопштува дека командантите на Револуционерната града биле на состанок со племенските лидери во градот Пишхен кога биле нападнати од бомбаш самоубиец и разнесени. И локалните племенски водачи се пријавени меѓу мртвите. Иран претходно ја обвини тајната сунитска група „Божји војници“ за предизвикување на немири во провинцијата Систан-Балуџестан, која се граничи со Авганистан и Пакистан. Во таа покраина живее население кое се придржува до сунитскиот ислам и е противник на иранската влада.

XS
SM
MD
LG