Достапни линкови

Во Судан ослободени две хуманитарки од Ирска


Две членки на ирска хуманитарна невладина организација, кои беа киднапирани во јули во Судан , се ослободени утрово, соопштил суданскиот министер за човекови права. Двете активистки биле грабнати од вооружани лица, кои барале откуп за нив. Но локалните власти извршиле притисок врз грабнувачите и не го платиле откупот а сепак ги ослободиле двете жени. На западот на Судан има граѓанска војна во која се проценува дека загинале повеќе од 300 илјади луѓе , а повеќе од 2,7 милиони се раселени или избегале.
XS
SM
MD
LG