Достапни линкови

Во офанзивата на Вазиристан, убиени 5 пакистански војници и 11 милитанти


Пакистан изврши голема офанзива против упориштата на милитантите долж авганистанската граница. Според извештаите на властите во нападите загинале петмина војници и 11 милитанти. Пакистанската офанзива започна по напливот на милитантните напади во кои загинаа над 175 луѓе во текот на изминатите две недели. Официјални лица велат дека операцијата се очекува да трае околу два месеци.
XS
SM
MD
LG