Достапни линкови

Судот во Јемен осудил 2 шиитски бунтовници на смрт


Јеменски суд осуди 12 шиитски бунтовници за вооружани акции против армијата. Меѓу осудените двајца се осудени на смрт, а другите десет на казна затвор од 8 до 12 години. Владата на Јемен ево конфликт со шиитските бунтовници во северниот дел на земјата. Претходно судот осуди уште 35 бунтовници, од кои 12 на смрт за истото дело, а околу 100 други чекаат судењe.Владата на Јемен е сојузник на САД во глобалната борба против тероризмот . Но, многу области на земјата се вон контрола на владата.


XS
SM
MD
LG