Достапни линкови

ЕУ назначи пратеник за Северно Косово


ЕУ назначи свој пратеник за Северно Косово, каде живее мнозинство српско население и каде често се случуваат меѓуетнички конфликти, соопштуваат од службата на специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт. Италијанскиот амбасадор во Косово ќе биде и ЕУ пратеник за Северно Косово и ќе треба да помогне за зајакнување на власта, како и за поттикнување да се прифатат благодетите на ЕУ на таа територија.

XS
SM
MD
LG