Достапни линкови

ЕУ ја поздрави спогодбата меѓу Македонија и Косово


Шведска која преседава со ЕУ, го поздрави денешниот договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата, соопштуваат од Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во Приштина. Во соопштението се наведува дека решавањето на прашањето за границата е охрабрувачки сигнал. Со тоа Македонија стана првата земја од поранешните југословенски републики чија демаркација на границите е селосно завршена. Спогодбата меѓу Косово и Македонија за демаркација на границата е потпишана вчера, а денеска на вонредна седница од втор пат ја ратификуваше Собранието на Косово.
XS
SM
MD
LG