Достапни линкови

ДЕМАРКАЦИЈА


Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated

Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated

За опозицијата властите во Скопје дозволиле измени на границата и побараа да се процени колкав е безбедносниот ризик. Тие побараа и премерот Никола Груевски да дојде во Собранието да даде објаснување за договорот. Тој пак со порака дека нема никаква причина за стравување од „Договорот за демаркација на границата со Косово. Македонија не губи ниту еден милиметар од територијата“. Груевски истакна дека со демаркацијата на границата со Косово се затвора крупно политичко прашање, дека тоа значи стабилност.
Нема причина за загриженост.Македонија не губи ниту милиметар од својата територија...

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошевски, изјави дека Македонија е единствената држава од Триглав до Солун која ги има дефинирано и обележано своите гранични линии со сите свои соседи што не е случај со многу други држави во регионот. За париите од албанскиот блок, затварањето на прашањето со границата , значи отварање на патот за воспоставување на дипломатски односи со Косово.

Опозицијата во Македонскиот Парлемент не против затворање на прашањето на демаркацијата со Косово, но побара тоа да се направи согласно Уставот и интерсите на граѓаните.
Постигнатиот договор за демаркација на границата меѓу Скопје и Приштина го поздравија Соединетите Држави и Европската Унија. Во соопштението на американската амбасада во Скопје се вели дека се очекува и брзо воспоставување и на дипломатски односи меѓу двете земји.
Собранието на Косово ја ратификуваше спогодбата за демеркација на границата мегу Република Македонија и Република Косово која во петокот ја усвоија двете влади. Спогодбата се ратификуваше од втор обид, бидејки на првото гласање немаше дво-третинско мнозинство.
XS
SM
MD
LG