Достапни линкови

Косово - координации за демаркацијата со Македонија


Косовското Собрание претпладнето не го ратификуваше договорот за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово, објави Косовската радио-телевизија. Од 87 присутни пратеници на седницата, 67 гласаа „за“, седум беа „против“, а девет „воздржани“.
Пред гласањето на пратениците им се обратија претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи кои оценија дека договорот е од државен интерес на Косово. Веднаш по гласањето претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи свика координативен состанок на шефовите на пратеничките групи. Според Уставот на Косово, за усвојување на меѓународните договори потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот кој брои 120 пратеници.
XS
SM
MD
LG