Достапни линкови

30 илјади пакистански сили започнаа офанзива


Над 30 илјади војници учествуваат во копнената офанзива која пакистанската влада денеска ја започна во Јужен Вазиристан упориште на талибанските милитанти и погранична област на Авганистан. Пред копнената офанзива имаше неколку месечна воздушна кампања врз цели на милитантите, што пак предизвика илјадници цивили да го напуштат регионот.Во изминативе две недели милитантите од своја страна превземаа серија напади во кои беа убиени 160 луѓе. На овие напади се гледаше како на намера да се одврати владата во Исламабад од копнена офанзива.
XS
SM
MD
LG