Достапни линкови

Додик - ветото на ентитетите во БИХ ке остане


Премиерот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека нема намера да прифати било какви предлози за промена на Уставот на Босна и Херцеговина, со кои се прекршува Дејтонскиот договор. Тој во интервју за телевизијата Б92 изјави дека српскиот претседател Борис Тадиќ не се ни обидел да врши притисок врз него за да ги промени своите ставови во врска со реформите во Босна, кои ги предлагаат претставниците на Соединетите Држави и Европската Унија.По разговорот со Тадиќ, Додик истакна дека воопшто не може да се разговара за предлогот за укинување на правата на ентитетите со вето да се запрат некои одлуки во Парламентот во Босна и Херцеговина. Премиерот на РС нагласи дека за време на претстојните разговори, кои ќе се одржат на 20 октомври, може да се разгледуваат технички прашања, но нема да прифати укинување на ентитетското гласање.
XS
SM
MD
LG