Достапни линкови

Македонија меѓу приоритетите на Грчката политика


Кипарското прашање, решавањето на спорот за името со Македонија и односите со Туција, ќе бидат приоритети во надворешната политика на новата Влада на Грција, најави грчкиот премиер Јоргос Папандреу, претставувајќи ја вчера во Парламентот владината програма. Осврнувајќи се на релациите со Македонија, тој истакна дека „доброседските односи се клуч и услов за забрзување на евроинтеграцијата на земјата“. Владата на Грција е посветена на решавање на спорот за името преку изнаоѓање заедничко прифатливо решение, што ќе важи за сите. Дојде времето кога Владата на ПЈРМ треба да ги покаже во практика своите конструктивни намери, рече Папандреу. Врвен приоритет во надворешната политика, како што посочи грчкиот премиер и шеф на дипломатијата, ќе биде кипарското прашање. За Турција, Папандреу повтори дека го поддржува нејзиното приклучување во ЕУ, но оти Анкара мора да ги исполни поставените критериуми, да го почитува меѓународното право, принципот на добрососедски односи и да работи врз решавање на кипарскиот проблем.
XS
SM
MD
LG