Достапни линкови

logo-print

Уапсен еден од најбогатите американци


Еден од најбогатите луѓе во Америка е уапсен од под обвинение за инсајдерски тргување. Уапсен е 52 годишниот Раџ Рајаратнам, основач на групата Галеон Хеџ Фонд, како и пет други лица осомничени за незаконски профит од 20 милиони долари преку нивната шема во текот на неколку години. Обвинетите се здобиле со информации кои не се јавни во врска со фирми, меѓу кои, Гугл, ИБМ, Хилтон а кои ги искористиле за незаконски профит. Рајаратнам има има американско и државјанство на Шри Ланка и оваа година на листата на Магазинот "Форбс", беше 559 најбогат човек во светот, со нето богатство проценето на 1.3 милијарди долари.
Петте други лица, исто така, уапсени се директори повврзани со Хеџ фондот Њу Кастл и директори на големи фирми како ИБМ, Интел, и консултантска фирма Мек Кинси анд Компани.
XS
SM
MD
LG