Достапни линкови

logo-print

Исламските милитанти се закана за суверенитетот на Пакистан


Пакистанската влада предупреди дека исламските милитанти се закана за суверенитетот на државата по бранот напади во кои загинаа најмалку 160 луѓе во текот на овој месец. Ова се вели во соопштението на владата по синоќешната средба на воените и политичките лидери одржана во Исламабад по најновиот напад на бомбаш-самоубиец во близина на полициска станица во северозападниот град Пешавар, во кој загинаа најмалку 12 лица. Во соопштението, исто така, се наведува дека постои решеност на пакистанците да го искоренат екстремизмот. Новите насилства во земјата се случуваат пред очекуваната воена земјата офанзива против Талибанците во Пакистан нивните упориште на Јужен Вазиристан, во близина на авганистанската граница.
XS
SM
MD
LG