Достапни линкови

До декември да биде решен спорот со Грција за името


Периодот до самитот на Европската Унија во декември треба да биде искористен за изнаоѓање решение за спорот со името, што ќе гарантира позитивна одлука во Советот на Унијата за почеток на преговорите за членство со Македонија. Ова, како што јави МИА, го изјавил словенечкиот евро-пратеник и известувач на Европскиот Парламент за Македонија, Зоран Талер. И неговиот колега, германскиот евро-парламентарец Јоргос Шацимаркакис, оценил дека соработката меѓу Скопје и Атина околу името, ќе има клучна улога при решавањето во Советот за одредување датум за почеток на преговорите.
XS
SM
MD
LG