Достапни линкови

Повторно нови документи и трошоци за граѓаните


Редици граѓани
Редици граѓани

Ако Собранието изгласа промена на државниот грб, граѓаните во рок од три години, ќе мора да извадат нови документи за идентификација. Во оваа сиромаштија постојано нешто плаќаме, се жалат граѓаните. Експертите пак велат дека државата при одлуката, сигурно смета и на овие дополнителни приходи за буџетот.

190 денари за нова лична карта. 1800 денари за вадење биометриски пасош по редовна постапка. Ако на некого му е потребно да извади пасош по брза постапка треба да плати 4800 денари. Ако Собранието изгласа промена на државниот грб граѓаните ќе треба во наредните три години да извадат нови документи за идентификација. Само минатата година Министерството за внатрешни работи издаде 206 илјади пасоши и 201 илјада лични карти. Според тоа, лани, граѓаните потрошиле најмалку 6 милиони евра за документи за идентификација. Луѓето што ги затекнавме пред пасошкото одделение во Скопје се жалат дека ова ќе биде дополнителен товар за нивниот семеен буџет.
Не е убаво, само трчање, давање пари, без потреба. На оваа сиромаштија, само давање пари


,,Нека се смени, ќе дадеме."

,,Само давање пари, ништо повеќе."

,,Не е убаво, само трчање, давање пари, без потреба. На оваа сиромаштија, само давање пари."

Сегашниот државен грб
,Ако мора да се менува, ќе менуваме, што ќе правиме."

Според податоците на Државната изборна комисија, во Македонија има речиси еден милион и 800-тини полнолетни гласачи. За да можат да гласаат, овие луѓе треба да имаат важечки докумети за идентификација. Професорката Марија Зарензакова Потевска вели дека промената на грбот на државата ќе донесе голем прилив во државниот буџетот.
Па јас незнам дали граѓаните ќе бидат подготвени, доколку сега смениле пасоши, во скоро време повторно да бидат изложени на трошоци, чекања на шалтерите на МВР. Тоа е навистина голем трошок за граѓаните


,,Па јас незнам дали граѓаните ќе бидат подготвени, доколку сега смениле пасоши тоа да го направат во наскоро време повторно да бидат изложени на трошоци, чекања и големи редици на шалтерите на МВР. Тоа е навистина голем трошок за граѓаните."

Комуникологот Сеад Џигал вели дека промената на Државниот грб има идеолошка основа.

,,Идеолошка, така е презентирано во јавноста, но кои се вистинските причини, вклучително и некоја економска исплатливост на оној што го спроведува тоа, треба навистина да се испита."

Експертите сметаат дека ова време на рецесија не е вистинско за да се оптоварат луѓето со нови давачки. Професорката Потевска смета ваквиот чекор е негативен за граѓаните, но е позитивен за државниот буџет.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG