Достапни линкови

Над милијарда гладни луѓе во светот


Протест во Париз по повод Светскиот ден на храната

Протест во Париз по повод Светскиот ден на храната

Обединетите нации во најновиот извештај наведуваат дека бројот на гладни луѓе во светот се зголеми на повеќе од една милијарда. Овој извештај е издаден по повод денешниот Светски ден на храната.

Во извештајот, објавен од Организацијата за храна и земјоделство и Светската програма за храна се наведува дека глобалната финансиска криза предизвика голем пораст на бројот на гладни луѓе во текот на изминатата година ипол. Извештајот всушност покажа дека Обединетите нации не успеваат да ги постигнат милениумските развојни цели, меѓу нив и преполовување на сиромаштијата до 2015 година. Само во подсахарскиот Нигер над два ипол милиона луѓе, поради недостиг на врнежи се соочуваат со криза за храна. Дејвид Дејв економист од Организацијата за храна и земјоделство вели дека ова е апел за итни инвестиции во аграрот во земјите во развој:

,,Сите сиромашни луѓе трошат многу од нивниот буџет за исхрана, и ние треба да ги намалиме цените на храната, со цел таа да им биде подостапна. Единствениот начин да се стори тоа е преку зголемување на продуктивноста на земјоделството.,,
ФАО проценува дека тековното производство на храна ќе мора да се зголеми за околу 70 проценти за да го нахрани светското население кое, според очекувањата, до 2050 година би изнесувало 9 милијарди...

Според него, приватните инвестиции во земјоделскиот сектор од 1980 година се во опаѓање, и поради тоа, како што вели, расте цената на храната. Пресметките покажуваат дека например едно шест члено сомалиско семејство во септември годинава за храна трошело 170 долари, што е скоро двојно повеќе во споредба со ланскиот септември. Потребата од поголемо инвестирање во земјоделството, Дејв ја поткрепува со искуството во текот на седумдесетите години од минатиот век.

,,Каков беше резултатот? Цените на храната паднаа, продуктивноста на фармерите се зголеми, што беше добро и за потрошувачите.,,

ФАО проценува дека тековното производство на храна ќе мора да се зголеми за околу 70 проценти за да го нахрани светското население кое, според очекувањата, до 2050 година би изнесувало 9 милијарди. Притоа има едно големо прашање: како, или дали тоа може да се постигне. Таканаречената зелена револуција во шеесетите години со употреба на ѓубрива, пестициди и современи техники овозможи глобалната популација да се прошири за 3 милијарди луѓе. Но, сега не постои ни најава за слична земјоделска револуција. Експертите велат дека водните ресурси се веќе премногу истрошени, најдоброто земјиштето е веќе искористено, а тука е зголемената несигурност од честите климатските промени.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG