Достапни линкови

logo-print

Продолжува штрајкот во грчкото пристаниште Пиреја


Во најголемото грчко пристаниште Пиреја и денеска продолжуваат протестите на пристанишните работници. Штрајкот трае веќе три недели поради тоа што пристаништето и е дадено под концесија на една кинеска компанија. Илјадници контејнери со стоки од бродовите на пристаништето се блокирани, а штетите се проценуваат на околу 3 милиона евра дневно. Новата грчка влада најави дека ќе го преиспита договорот со кинеската компанија за пристаништето.
XS
SM
MD
LG