Достапни линкови

logo-print

Израел го отфрла извештајот дека сторил воени злосторства


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Советот за човекови права на Обединетите Нации да ја отфрли резолуцијата во врска со извештајот дека израелски војници сториле воени злосторства во акциите во Газа во минатата зима. Во извештајот е наведено дека и израелските сили и Хамас веројатно сториле воени злосторства. Советот за човекови права, во резолуцијата за која ќе гласа денеска, ќе побара од Советот за безбедност во рок од 6 месеци да утврди дали двете страни покренале истрага против одговорните или прашањето да бид епрефрлено во Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
XS
SM
MD
LG