Достапни линкови

Претседателот Иванов во Турција- средби со Ѓул и Ердоган


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој од вчера престојува во официјална посета на Република Турција, денеска ќе се сретне со неговиот турски колега Абдула Ѓул, по што на пленарна средба на двете државни делегации ќе биде потпишан Договор за протокол за цивилно воздухопловство. Шефот на македонската држава попладнето ќе се сретне и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Посетата на Турција претседателот Ѓорге Иванов ја завршува в недела, со средба со поглаварот на Цариградската патријаршија, Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
XS
SM
MD
LG