Достапни линкови

Бан Ки Мун ги повика на соработка сите заедници на Косово


Во најновиот извештај за Косово на Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, претставен синоќа во Њујорк, сите етнички заедници се повикуваат на соработка за да се нормализира состојбата. Во извештајот исто така се апелира на соработка меѓу Белград и Приштина. Амбасадорката на САД во ОН Розмари ди Карло во синоќешниот говор ја поздрави улогата на УНМИК на Косово и го поздрави ширењето на мисијата на ЕУЛЕКС, но оцени дека Косово на меѓународната сцена би требало да делува самостојно.
XS
SM
MD
LG