Достапни линкови

Најдено живо исчезнатото момче во Колорадо, САД


Полицијата на централната американска држава Колорадо соопшти дека шестгодишното момче за кое се веруваше дека се упатило со балон во непознат правец е пронајдено живо и здраво. Во соопштението се вели дека Фалкон Хен е пронајден како се крие во гаража во семејната куќа. Претходно властите соопштија дека по вчерашниот двочасовен лет балонот од домашно производство сам се приземјил но дека во него го немало момчето.
XS
SM
MD
LG