Достапни линкови

Турција и Ирак потпишаа договори за соработка


Турскиот премиер Тајип Ердоган и ирачкиот премиер Нури ал-Малики денескa потпишаа договори за енергетската соработка и за заедничко справување со курдските бунтовници. Ердоган и неговиот ирачки колега потпишаа 44 договори, вклучувајќи ги и меморандумот за разбирање за транспорт на природен гас од Ирак во Европа преку Турција. Односите меѓу Анкара и Багдад беа разнишани во минатото со курдските сепаратисти кои го користат северен Ирак како база од кои се планираат нападите кон југоисточна Турција. Но, трговијата и дипломатските односи се подобруваат по американската инвазија на Ирак, во 2003-та. Трговската соработка меѓу двете земји се оценува дека изнесува повеќе од 5 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG