Достапни линкови

ССМ на штрајк за работничките права


Протест на ССМ

Протест на ССМ

Сојузот на Синдикати на Македонија протестираше против измените на законот за работни односи, со кои како што велат, повторно се намалуваат работничките права. Од останатите синдикати велат дека причината за штрајкот на ССМ всушност е лигализирањето и на останатите синдикати во законот.

Сојузот на Синдикати на Македонија протестираше пред Собранието против измените и дополнувањата на Законот за работни односи, за кои истиот ден требаше да расправаат пратениците. Тие бараат европски закони и права, како и почитување на уставот на Македонија и меѓународните конвенции и директиви. Со предложените измени грубо се кршат работничките права и слободата на колективно договарање и организирање на Синдикатот, вели претседателот на ССМ Ванчо Муратовски.
Со овие измени одиме кон еден вид на работничко безправие


Пратениците во салата на Собранието на РМ
,,Заради кршењето на работничките права, заради кршење на синдикалните права, заради она со кое всушност треба да влеземе во Европа. Ни се крши основниот Устав на работништвото, законот за работни односи, кој се менува повторно во една лоша форма, која значи повторно намалување на правата на работниците."

На протестот учествуваше раководството на ССМ, но имаше и по некој работник како Димче Трајкоски од Крушево, кој исто така дошол да го искаже својот револт.

,,Со овие измени одиме кон еден вид на работничко безправие."

Муратовски додаде и дека одлуките неможе да се донесуваат без учество на ССМ, бидејќи без социјален дијалог, кој е на најниско ниво во земјава нема ни современа социјална држава.
Законот за работни односи, кој се менува повторно во една лоша форма, која значи повторно намалување на правата на работниците

,,Нема консултирање на Синдикатот, а и тогаш кога се поканети, само од формален аспект е, колку да се каже дека еве и Синдикатот е прашан и учествувал во работата на собраниските Комисии, но вистината е дека за жал и владините комисии и Собранието останува глуво на нашите барања."

Од Конфедерацијата на слободни синдикати пак велат дека вистинската причина поради која протестира ССМ е дека со измените во законот ќе мора да се легитимираат сите постојачки синдикати, а со тоа тие повеќе нема да бидат единствениот синдикат во земјава. ССМ ќе бара прием кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски за да му ги изнесат своите ставови. Додека пак КСС реакцијата на нивниот протест во јавноста ќе ја соопшти деновиве.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG