Достапни линкови

Молдавските власти: Експлозијата во Кишињев е терористички чин


Премиерот на Молдавија, Влад Филат, примил два телефонски повици со закани, непосредно пред да експлодира граната на концерт во Кишињев, главниот град на Молдавија, при што беа повредени 40 луѓе. Обвинителот на Кишињев, објаснил дека повиците до премиерот потекнувале од странство и додал дека властите веруваат дека експлозијата е политички мотивиран чин на тероризам. Полицијата потврдила дека постои поврзаност, меѓу повиците со закана и експлозија, и покрај тоа што Премерот не присуствувал на концертот. Министерот за внатрешни работи , изјавил дека 25 годишен човек е осомничен за фрлање на гранатата.


XS
SM
MD
LG