Достапни линкови

Нема склучување на аранжман со ММФ


Зоран Ставревски, Министер за финансии

Зоран Ставревски, Министер за финансии

Министерот за финансии Зоран Ставревски по денешна средба со претставниците на ММФ, повтори дека Македонија годинава нема да склучи аранжман со Фондот. Тој изјави дека Влада ја има затворено финансиската конструкција и е подтовена да ги исфинансира дефицитите.

Македонија нема да склучи аранжман со Меѓународниот Монетарен Фонд годинава, потврди денеска министерот за финансии Зоран Ставрески по средбата со претставници на меѓународната организација.

,,Во повеќе наврати сме објасниле, за оваа година ние го имаме затворено финансирањето и нема причина да се склучува аранжман со ММФ. За понатаму, за следната година и наредните години ќе зависи од вкупната економска состојба во светот и од можностите за обезбедување на финансиски средства, така што не исклучуваме ниту една можност."
Во повеќе наврати сме објасниле, за оваа година ние го имаме затворено финансирањето и нема причина да се склучува аранжман со ММФ


Логото на ММФ
Ставрески додаде дека власта антиципира да ги исфинансира сите дефицити, вклучувајки го и дефицитот на тековната сметка:

,,Ние го имаме веќе антиципирано тоа, дека ќе успееме да исфинансираме дефицит и буџетски и во тековната сметка, се разбира ако има доволно средства приватниот сектор ќе се прилагоди на тоа. Во секој случај нашите проценки се дека ќе се намали дефицитот на тековната сметка и дека ќе има доволно средства да се исфинансира без никакви проблеми."

Министерот посочи дека се бележи стабилизација на приходите во буџетот:

,,Но, ние сме секогаш подготвени да реагираме доколку има изненадувања на приходната страна, се разбира ќе ја прилагодиме
Ние го имаме веќе антиципирано тоа, дека ќе успееме да исфинансираме дефицит и буџетски и во тековната сметка
расходната страна со цел да го задржиме буџетскиот дефицит во таргетираните рамки."

Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд Весли Мек Гру појасни дека денешниот состанок во Министерството за финансии е рутинска средба:

,,ММФ одржува вакви состаноци со сите земји во светот а целта е да се направи проценка и да се дискутира оваа проценка. Тоа е како една ревизија низ која поминуваат сите земји."

Експертите, пак се со поделени мислења за прашањето дали аранжман со меѓународната организација е поволен. Професорката Марија Зарезанкова - Потевска вели дека договор со фондот не е поволен за развојните проекти на земјава:

,,Сепак и покрај тоа што се работи за евтини кредити тие се условени со многу други активности понатамошни на Владата кои што негативно ќе се одразат на економските состојби и мислам дека не е најсоодветна опција."

Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи, од друга страна, вели дека ММФ нуди поволни каматни стапки, што е позитивно за земјава.

,,Позитивно би било нивното присуство и би давало некоја гаранција во поглед на она што значи економска политика на нашата земја."
XS
SM
MD
LG