Достапни линкови

ММФ на редовна посета во Македонија


Делагација на Меѓународниот монетарен фонд , од денеска присуствува во редовна посета на Македонскиот Фонд. Целта на посетата е анализа на економските политики за 2009 , но ќе направат и осврт на очекувањата за 2010-та .Претставници на ММФ се среќаваат со претставници на Министерството за финансии и на Централната Банка . Министерот за финансии, Зоран Ставревски изјави дека оваа година нема причини за склучување на аранжман со Фондот , а за наредната година тоа ќе зависи од вкупната економска ситуација во светот. Гувернерот Петар Гошев , смета дека има знаци на подобрување на економијата, но треба да се провери колку тие се одржливи. Гошев смета дека треба да се олабави монетарната политика, бидејќи во спротивно последиците врз економијата од глобалната криза ќе бидат подлабоки.

XS
SM
MD
LG