Достапни линкови

Расте бројот на загинати во нападите во Пакистан


Бројот на загинати во денешните напади во пакистанскиот град Лахоре, се зголемува на повеќе од 30 луѓе, соопштуваат тамошните власти. Вооружените лица нападнале регионален штаб на полицијата на Федералната истражна агенција, како и две полициски центри за обука, при што загинале 20 луѓе. Властите соопштуваат дека сега ситуацијата е ставена под контрола, и дека меѓу загинатите имало и 10 милитанти .Во северозападниот дел на градот пак, во екплозија на автомобил бомба загинале околу 10 луѓе. Нападите се последни во серијата напади од милитанти, и доаѓаат како владата се подготвува за воена офанзива во Јужен Визиристан регион во близина на границата со Авганистан., за кој се смета дека е упориште на Талибанците.



XS
SM
MD
LG