Достапни линкови

Кина осуди на смрт уште 3 луѓе, за немирите во Ксинџијанг


Кина осуди на смрт уште три лица обвинети дека направиле насилни кривични дела за време на етничките немири во далечниот западниот регион Ксинџијанг во јули. Шест лица веќе се осудени на смрт за насилствата меѓу муслиманите Ујгури и кинезите во Ксинџијанг, во кои загинаа најмалку 200 луѓе. Судот во таа област денеска на тројца луѓе им ги укинала смртните казни со можност тие да бидат заменети со казна доживотен затвор. Вкупно 21 човек се обвинети за немирите, кои се најлошото етничко насилство кое се случило во последните децении во Кина
XS
SM
MD
LG