Достапни линкови

logo-print

Работна сабота за администрацијата - да или не?


Според упатените работењето на државната администрација во сабота е позитивен чекор, бидејќи на тој начин граѓаните ќе можат да си ги извршат обврските кои преку неделата, кога се на работа, не успеваат да ги завршат.

Секоја прва сабота во месецот да биде работна со скратено работно време во државната администрација на граѓаните би им помогнало да си ги завршат неопходните потреби, кои од понеделник до петок тешко ги реализираат. Особено оние кои работат во приватните стопански фирми чиешто работно време се поклопува со времето во државната администрација, каде што се издаваат лични документи, патни исправи, судот, управата за јавни приходи. Правниот застапник Гордица Бошковска во Регионалниот синдикат во Куманово смета дека предлогот е позитивен чекор.
Мислам дека доколку се регулира со законот ваквиот начин би бил добар за оние граѓани вработени во приватни фирми. Тие работат со работно време кое се поклопува со она во државните институции


,,Мислам дека доколку се регулира со законот ваквиот начин би бил добар за оние граѓани вработени во приватни фирми. Тие би можеле да ги завршуваат нивните работи за кои сега им е тешко. Тие работат со работно време кое се поклопува со она во државните институции. Затоа тие се принудени да земаат слободен или неплатен ден. За разлика од вработените во државните служби кои тие потреби си ги завршуваат за време на појадокот или додека им тече работното време."

Бошковска додава дека работа во сабота би требало законски да се регулира и тие неколку часови да бидат сметани како продолжено работно време кое на вработените ќе им биде плаќано дополнително. Граѓаните на Куманово главно го прифаќаат овој предлог бидејќи сметаат дека:

,,Многу граѓани се на работа до 16,30 часот и не можат да си ги завршат работите. Треба да работат одделението за патни исправи, адвокатите, судот, општината."

,,Треба да работат. Луѓето кои се на работа не можат да излезат. Сега тешко се добива потврда за државјанство, на пример јас за една потврда за возачка дозвола чекав дури три месеци."
Лично не би работела. Викендот е за други работи. Доволно е сегашното работно време, ако се работи ажурно


,,Треба за оние кои во сабота не работат да си ги завршат работите."

Кумановци кои не размислувале за овој предлог сметаат дека можеби има потреба и ако е така тие го прифаќаат предлогот. Меѓутоа:

,,Лично не би работела. Викендот е за други работи. Доволно е сегашното работно време, ако се работи ажурно."

Или пак:

,,Не е во ред. Сабота и недела се неработни денови."

И вработените во државната администрација се со поделено мислење, но велат дека доколку работа во сабота им биде законска обврска тие ќе ја извршуваат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG