Достапни линкови

(Пре)порака за името


Премиерот Груевски и евроамбасадорот Фуере на заедничка прес конференција по добивањето на извештајот од ЕК
Премиерот Груевски и евроамбасадорот Фуере на заедничка прес конференција по добивањето на извештајот од ЕК

Македонија доби препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ, но како што изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, одлуката за почеток на преговори се носи со консензус во Советот на министри, што значи дека до декември би требало да се најде решение за името.

Засега, нема конкретни најави за евентуална нова средба на посредникот на Обединетите нации во спорот за името со Грција, Метју Нимиц со македонските власти. Македонија, вчера, доби препорака за почеток на преговорите со Европската унија. Евроамбасадорот Ерван Фуере, сепак, рече дека очекува спорот за името да се реши пред одржувањето на состанокот на Советот на министри во декември и потсети дека одлуката за почеток на преговорите се носи со консензус на земјите членки на Унијата. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека Фуере прецизирал рок за решавање на проблемот, затоа што решението е веќе готово.
Јас сум убеден дека решението е готово и е ставено на маса само се чекаше поволен политички и безбедносен момент на Балканот


,,Јас сум убеден дека решението е готово и е ставено на маса само се чекаше поволен политички и безбедносен момент на Балканот, па оттаму Фуере во неговиот досегашен стил си зеде за слобода, иако дипломатите тоа обично не треба да го прават, да ги прецизира роковите."

Чашуле вели дека сега се разгледуваат модалитетите на тој компромис.

Од последната средба на медијаторот Нимиц со премиерот Груевски и министерот Милошоски
,,Тоа сега сите добро информирани кругови го знаат, се работи за надомест на референцата ФИРОМ со Северна Република Македонија."

Државниот врв ја истакнува подготвеноста за наоѓање заемно прифатливо решение со Грција. Во неколку наврати македонските власти истакнаа дека се подготвени и на билатерални средби со Грција, но за сега велат дека нема одговор од грчка страна.
Поранешниот министер за надворешни работи, универзитетскиот професор Денко Малевски, пак, се сомнева дека спорот за името може да се реши во наредните два месеци. Тој вели дека реториката на политичарите од власта е идентична како пред самитот на НАТО во Букурешт. Решавањето на прашањето на името повторно им се остава на странците, вели Малевски.
Тоа сега сите добро информирани кругови го знаат, се работи за надомест на референцата ФИРОМ со Северна Република Македонија


,,Ние едноставно ќе одиме до декември и потоа ќе чекаме да видиме дали Грците ќе попуштат под некаков меѓународен притисок па да речат има време кога да им ставиме вето или тоа ќе го направат веднаш, тоа е поверојатно."

Малевски вели дека прифаќањето компромис ќе значи и губење на популарноста на политичарите од власта.

,,Тоа би значело жртвување на многу политички кариери во Македонија, особено на челните луѓе, кои што се многу млади луѓе и кои што почнуваат сега во политиката и се прашувам дали можат тие да поднесат таква жртва."

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас рече дека грчката позиција во спорот со Скопје е „национална црвена линија“. Решавањето на спорот за името е услов за Грција да се согласи со членството на Поранешната Југословенска Република Македонија во ЕУ, изјави Друцас.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG