Достапни линкови

Вељаносвки - „Македонија интензивно кон ЕУ“


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска заедно со потпретседателите на Парламентот и координаторите на пратеничките групи, имаше средба со евроамбасадорот Ерван Фуере. То изрази убеденост дека Република Македонија, Собранието, Владата и сите други институции, но и сите граѓани, по Извештајот на Европската Комисија многу поинтензивно и поодговорно ќе работат врз интегрирањето во Европската унија. Евроамбасадорот Фуере, кој денеска формално му предаде на Вељаноски примерок од Извештајот на ЕК, денеска има отворена средба со членовите на комисиите за европски прашања и за надворешна политика, како и со Националниот совет за евроинтеграции на која ќе го презентира напредокот на Македонија, но и забелешките што се наведени во документот. Македонија вчера доби препорака од Европската комисија за почнување преговори за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG