Достапни линкови

logo-print

Косово - почнува кампањата за локалните избори


Денеска официјално започнува кампањата за локални избори на Косово кои ќе бидат одржани на 15 ноември.
Овие се први избори од прогласувањето независност на Косово во февруари минатата година.За учество на изборите се пријавија 74 партии, коалиции и граѓански здруженија, од кои 37 листи се на косовските Албанци, 21 на тамошните Србите, а останатите листи им припаѓаат на другите малцински заедници.Речиси сите партии на Албанците ја одбраа Приштина за почеток на нивната кампања, додека кандидатите на косовските Срби своите предизборни активности ќе ги почнат во Грачаница и околните села.
Локалните избори ќе бидат организирани во 36 општини во Косово од кои три се нови - Грачаница, Ранилуг и Клокот, во кои мнозинството од населението се Срби. Во општините Парфтеш и Северна Митровица, во кои исто така Србите се мнозинство, изборите ќе се одржат по шест месеци.
XS
SM
MD
LG