Достапни линкови

Грција ќе го блокира почетокот на преговорите Македонија - ЕУ


Не постојат никакви изгледи Грција да се согласи со отпочнување на преговорите меѓу Македонија и Европската Комисија за влез во Европската Унија и покрај промената на власта во Атина, пишува лондонски „Фајненшл Тајмс“, повикувајќи се на неименуван дипломатски извор во Брисел. Весникот забележува дека препораката на Брисел останува врзана со решавањето на спорот со Грција околу името, поради што не е предвидено кога држвата би можела да биде членка на Унијата, онака како што тоа го прави за другите земји од регионот на Југоисточна Европа, како и за Исланд.
XS
SM
MD
LG