Достапни линкови

logo-print

Босна - Од Дејтон кон Брисел


Високиот претставник на Меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко смета дека е време за натамошни чекори кога станува збор за Дејтонскиот договор со кој се стави крај на војната. Инцко во интервју за виенскиот весник „Пресе“ порача дека целта е да се напредува од Дејтон кон Брисел и логиката на Дејтон да се замени со логиката на ЕУ.Тој нагласи дека според проценките на експертите, безбедносната ситуација во БиХ веќе долги години е стабилна и дека не постои опасност од нов оружен судир иако последниве недели, политичката криза која трае со години, се заостри.
XS
SM
MD
LG