Достапни линкови

logo-print

Златото урива рекорди


Швајцарија - златни шпики во Мендрисо 08.Sep.2009

Швајцарија - златни шпики во Мендрисо 08.Sep.2009

Што се вели нов ден - нов рекорд, но како и да е, златото на 14 Октомври достигна 1.070 долари за унца, највисока номинална цена досега. Но, не станува збор само за златото. Оваа година растат цените на многу производи, од среброто и бакарот па нафтата и земјоделски суровини, како на пример шеќерот и маслото кое на годишно ниво е на 75 долари за барел. Исто така и другите благородни метали, како Платината и Паладиумот, имаат највисоки нивоа во една година. Бакарот двојно порасна во текот на 2009 година. Какаото е на највисоко ниво во последните 20 години, а и шеќерот е најскап од 1981 година. Аналитичарите укажуваат на два главни фактори за растот на цените. прво падот на доларот, и второ надежите за економско закрепнување во светот по најлошиот пад во последниве децении.Аналитичарите стравуваат дека големите трошоците на американската влада за да се извлече економијата од рецесија на крајот ке предизвикаат инфлација. Вредноста на доларот по повеке од една година е на најниско ниво во Европа. И тоа е причината што златото и другите артикли изгледаат привлечни за инвеститорите со поинакви валути од доларот. Ник Пени е брокер со шекер на фирмата Сакден Фајненшел

"Секако дека приказната со стоките е прилично општа приказна. Златото е на рекордни височини. Трговците, Хеџ фондовите, имаат тенденција да ја прошират кошницата стоки и шеќер е еден од главните стоки. Но, за разлика од претходните години, ова време има своја приказна "

Златото е на рекордни височини. Трговците имаат тенденција да ја прошират кошничката стоки и шекерот е една од главните стоки. Но за разлика од порано, ова време има своја приказна


Тоа е поврзано и со лошите временски услови во земјите големи производители на шекер - Индија и Бразил. Слична е приказната и со какаото – има недостиг поради лошата жетва во клучните области.
Второ врз цената на шеќер влијае и што поголем износ од шеќерна трска, особено во Бразил, се користи за производство на горивото етанол. На берзите порасна и цената на металите покрај светската економска рецесија. Цената на Бакарот се удвоји, а алуминиумот скокна за 25 насто. Карстен Фритц е аналитичар во Комерцбанк - Германија.

"Во врска со базата на метали тоа е надеж дека светската економија ќе закрепне од најлошата рецесија уште од Втората светска војна. Кинезите ги видовме како купуваа во првата половина на годината. Тоа помогна. Тие прилично ги избалансира побарувачката и понудата бидејќи надвор од Кина побарувачката е се уште прилично слаба“.

Дали цените и натаму ке растат? Одговорот, според аналитичарите, зависи од доларот. Еден од најуспешните инвеститори Џим Роџерс минатата недела рече дека стоковиот бум и натаму ке трае. Според него, причината е едноставна, во следните децении понудата, особено на земјоделските производи, ке се бори со побарувачката.





  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG