Достапни линкови

Извештајот позитивен, името да се реши до декември


Граѓаните во Скопје ја прославуваат одлуката на ЕУ

Граѓаните во Скопје ја прославуваат одлуката на ЕУ

Македонија доби препорака за почеток на преговорите со Европската унија. Премиерот оцени дека ова е историски ден за Македонија. Одлуката за почеток на преговорите, треба да ја донесе Советот на министри на Европската унија. Евроамбасадорот Фуере рече дека Унијата очекува, спорот за името со Грција да се реши пред одржувањето на состанокот на Советот на министри, потсетувајќи дека одлуките за проширување се носат со консензус на сите земји членки.

Евроамбасадорот Ерван Фуере, на денешната пресконференција во Скопје, по повод објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, потсети дека Европската унија очекува спорот за името да се реши пред одржувањето на состанокот на Советот на министри во декември.
Традиција е Советот, во однос на проширувањето, да ги носи одлуките со консензус. Од друга страна, решението на прашањето на името останува суштинско. Наместо да се обидуваме да шпекулираме за тоа што ќе се случи во декември, мислам, а тоа е и пораката на еврокомесарот, дека целата енергија треба да се насочи во решавање на овој проблем.


Фуере вели дека извештајот на Европската комисија е јасен и препорачува почеток на преговорите за полноправно членство на Македонија во Европската унија. Сепак, Фуере потсети дека одлуката за почеток на преговорите се носи со консензус на земјите членки.

Евро амбасадорот Ерван Фуере
,,Традиција е Советот, во однос на проширувањето, да ги носи одлуките со консензус. Од друга страна, решението на прашањето на името останува суштинско. Наместо да се обидуваме да шпекулираме за тоа што ќе се случи во декември, мислам, а тоа е и пораката на еврокомесарот, дека целата енергија треба да се насочи во решавање на овој проблем. Затоа го охрабруваме зголемувањето на интензитетот на преговорите за името од владата и се надеваме дека ќе се постигне решение пред одржувањето на состанокот на Советот на министри. Тоа е наша желба, наша надеж и наше очекување,"

рече евроамбасадорот Фуере.

Евроамбасадорот Фуере претходно во Владата му го предаде извештајот на европската комисија за напредокот на Македонија на премиерот Никола Груевски. По објавувањето на позитивниот извештај и препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ, премиерот оцени дека ова е историски ден за Македонија и за нејзините граѓани.

,,Овој извештај за нас ќе биде патоказ за идните чекори и реформи кои ќе ги преземеме."

Груевски посочи дека Македонија активно и конструктивно ќе учествува во барањето решение за спорот за името.
Во контекст на спорот за името со Грција, Македонија активно и конструктивно ќе ги продолжи разговорите под покровителство на ОН со цел да се најде прифатливо решение. Уште еднаш ќе повторам, ова е историски ден за Република Македонија


Премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен
,,Во контекст на спорот за името со Грција, Македонија активно и конструктивно ќе ги продолжи разговорите под покровителство на ОН со цел да се најде прифатливо решение. Уште еднаш ќе повторам, ова е историски ден за Република Македонија."

Опозициската СДСМ истакна дека по објавувањето на извештајот нема дилема дека постои директна врска помеѓу одредувањето на датум за преговори со решение на спорот за името.

„Ова е пресуден период за иднината на Република Македонија и очекуваме Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ да се однесува на висината на задачата,"

истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.

Во извештајот на Европската комисија се наведува дека Комисијата смета дека Македонија, во задоволителна мерка, ги исполнува полтичките критериуми од Копенхаген. Во документот се наведува дека претседателските и локалните избори во 2009 година ги исполнија повеќето меѓународни стандарди, подобрен е политичкиот дијалог, владината коалиција е стабилна, политичката клима е многу подобра, а Собранието е поефикасно. Напредок е
Ова е пресуден период за иднината на Република Македонија и очекуваме Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ да се однесува на висината на задачата
регистриран и во реформите на полицијата, на судството, јавната администрација и борбата против корупцијата, како и во областите транспорт, царина, даноци.

Постигнат е прогрес во Имплементацијата на Охридскиот договор , но сепак, се неопходни дополнителни напори и конструктивен дух за исполнување на целите од договорот, стои во Извештајот.
Во извештајот има критики за независноста на судството, професионалното управување со затворите и политичкото влијание во медиумите. Во поглед на економските критериуми, во извештајот се забележува дека слабостите на администрацијата и на владеењето на правото негативно се одразуваат на бизнис климата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Поврзано

XS
SM
MD
LG