Достапни линкови

Пакистанските Талибанци го критикуват Обама


Пакистанските Талибанци , денеска ја критикуваа одлуката за доделување Нобелова награда за мир на Барак Обама . Според нив тој требало да добие награда која ќе се вика "противник на мирот". Портпаролот на Талибанците, Азим Тарик, изјавил дека претседателот кој го подржува военото присуство на американските војници во соседен Авганистан не заслужува награда за мир. Тој изјавил дека рацете на Обама се обележани од крвта на илјадници луѓе.

XS
SM
MD
LG