Достапни линкови

Нов предлог за премиер на Романија


Романскиот претседател Трајан Басеску денеска предложи формирање влада на национално единство, која ќе ја замени десноцентристичката влада на премиерот Емил Бок, на која вчера Парламентот и изгласа недоверба. Ставајќи акцент на економската криза, со која се соочува Романија, Басеску ја отфрли идејата за влада на технократи со ограничен мандат, како што предложија некои партии Три опозициски партии претходно предложија премиерската функција да ја преземе независниот кандидат Клаус Јоханис, градоначалник на градот Сибиу. Басеску се уште не се произнесе по овој предлог.Демократско-либералната партија на премиерот Емил Бок одново го предложи Бок за таа функција и според медиумите, тој предлог веднаш бил отфрлен од Басеску.
XS
SM
MD
LG