Достапни линкови

Во Македонија позитивни реакции за извештајот на ЕК


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Премиерот Никола Груевски истакна дека позитивниот извештај од ЕК ќе значи патоказ за Македонија за натамошно исполнување на реформите. И опозицијата главно го поздравува извештајот, но велат дека е потребно да се забрза темпото на од кон ЕУ.

,,Овој извештај за нас ќе биде патоказ за идните чекори и реформи кои ќе ги преземе."

Изјави премиерот Груевски по средбата со евроамбасадорот Фуере кој му го врачи извештајот од ЕК. При тоа Груевски нагласи дека Македонија свесна за предизвикот да се пропмовираат добрососедските односи активно и конструктивно ќе ги продолжи преговорите
Овој извештај за нас ќе биде патоказ за идните чекори и реформи кои ќе ги преземе
под покровителство на ООН со цел да се најде заеднички прифатливо решение. Поздрави и задоволство кај партиите и кај аналитичарите за денеска објавениот извештај на европската комисија кој препорача отпочнување на преговорите со Европската Унија. Зедничко во коментарите е дека сега обврските за Македонија се зголемуваат но и дека Македонија повеќе не смее да си го дозволи досегашното темпо на исполнување на задачите и позначаен исчекор да прави на секои четири години.

,,Тоа се разбира позитивен чекор за државата. Сега сето тоа го гледам од два аспекта, добриот, позитивниот е тоа што конечно го добивме тоа за кое се залагавме. Лошо е што не сум задоволен од темпото, затоа што ако на секои четири години правиме по еден чекор напред, тогаш ќе не стигнат сите што беа подалеку од нас."
Сега сето тоа го гледам од два аспекта, добриот, позитивниот е тоа што конечно го добивме тоа за кое се залагавме, лошо е што не сум задоволен од темпото


Изјави Андреј Жерновски од ЛДП
Денешниот настан потврдува дека европската иднина е извесна за Македонија, но во иднина ќе биде потребно повеќе работа, изјави Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.

,,Ние овие три години исполнувавме осум задачи, ако продолжиме вака ние ниту во 2130 нема да бидеме членка."

Она што на што ќе треба сега да се фокусира македонската влада, порачува Димова е широко лобирање во наредниот период за да се спречи уште еден Букурешт во моментот кога советот на министрите ќе треба да одлучува за одредување датум за старт на преговрите. Во Демократската унија за интеграција се воодушевени од веста и го нагласуваат својот конструктивен придонес да се постигне денешниот успех за државата попдеднакво како што тоа го направиле и во 2005-тата кога како што велат Македонија доби кандидатски статус во времето кога тие исто така беа дел од власта. Исто таков придонес велат дека ќе дадат и за да се надминат натамошните пречки кон евроинтеграциите поврзани со спорот за името.

,,ДУИ прави се да имаме разумно и прифатливо решение за сите, проблем кој што ќе мораме за кратко време да го решиме."

Изјави Џевад Адеми од ДУИ.
XS
SM
MD
LG