Достапни линкови

Пакистан ги бомбардира упориштата на Талибанците во Визиристан


Пакистански воени авиони започнале да ги бомбардираат местата во Јужен Визиристан за кои се сомнева дека се упоришта на Талибанците, пред почетокот на официјалната офанзива во таа област.
Пакистанските власти соопштиле дека околу 200 илјади луѓе го напуштиле тој регион од август, во пресрет на планираната офанзива. Властите се одлучија на ваков вид на напади од воздух откако Талибаците презеоа одговорност за нападите во кои само за изминатата недела загинаа 120 луѓе.

XS
SM
MD
LG