Достапни линкови

Пратениците од Рускиот парламент протестираат


Пратениците од опозиционите партии во Русија, денеска го напуштиле рускиот Парламент во знак на протест поради резултатите од неделните локални избори. Пратениците од опозицијата изјавиле дека имало многу нерегуларности на изборите на кои партијата Обединета Русија извојува огромана победа Властите ги отфрлија жалбите.
Освен Обединета Русија, која е доминантна во Парламентот уште три партии , Либерално-Демократксата, Комунистичката и партијата Единствена Русија, се застапени. Протестите на пратениците во Руската Дума се многу невообичаена појава. Опозициската либерална партија не е ни застапена во Паралментот. Пратениците кои го напуштија денеска парламентот изјавиле дека нема да се вратат се додека не ги искажат своите мислења на средба со претседателот Дмитри Медведев.
XS
SM
MD
LG