Достапни линкови

Извештајот на ЕК содржи оценка за осум клучни приоритети


Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Овогодинешниот извештај на ЕК содржи осум клучни приоритети, за кои Комисијата ќе даде оценка дали Македонија успеала досега да ги оствари. Сепак земјата мора да работи и на останатите задачи, а не да се фокусира само на осумтте најбитни, порачуваат експертите.

Од осамостујувањто на Македонија па се до денес властите велат дека работат на пристапување на земјава во Европската Унија. Но, за да стане таа член на Унијата најпрвин треба да ги исполни зададените критериуми од Европската Комисија. По тој повод секоја година Комисијата доставува извештај за напредокот на Македонија и до каде земјава стигнала во оставрувањето на задачите. Овогодинешниот извештај содржи осум клучни приоритети, за кои Комисијата ќе даде оценка дали земјава успеала досега да ги оствари.

,,Точно се знае што ќе се оценува. Она што ќе се оценува се парнтерствата за пристапното партнерство што Македонија првиот драфт го доби во ноември 2007 година и тука се дадени сите задачи што ЕК и ги дава на државата да ги исполни и тоа е она што го оценува. Тие
Точно се знае што ќе се оценува. Она што ќе се оценува се парнтерствата за пристапното партнерство што Македонија првиот драфт го доби во ноември 2007 година и тука се дадени сите задачи што ЕК и ги дава на државата да ги исполни и тоа е она што го оценува. Тие задачи си ги знаме ние уште од ноември 2007
задачи си ги знаме ние уште од ноември 2007 година."

вели Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.
Генерално тие се исполнети, но има некои одредници на кои требаше да им се обрне поголемо внимание, вели Лазар Лазаров.

,,Посебна забелешка има за подобрување на условите во затворите, околу криминалот состојбата е подобрана, состојбата со реформите во јавната администрација е веќе во завршна фаза. Имаат забелешки во областа на судските реформи, каде што сеуште има елементи на корумпираност."

Во извештајот ќе се анализираат уште 173 задачи, кои ние целосно не сме ги исполниле, затоа што се фокусираме најмногу на осумте клучни оредници, вели Димова.

,,Проблем се сите овие други задачи што ни стојат во место, затоа што оваа држава памети дека на секој две години добиваше ново пристапно партнерство. Фактот дека годинава извештајот нема да биде придружен со ново партнерство покажува дека ние многу назадуваме во европската агенда. И целото внимание ни е фокусирано на осумте задачи што треба да ги исполните, а притоа забораваме дека се 182, а тоа го утврдува и процесот на приближување."

Следењето на исполнувањето на одредниците започна од ноември 2008 година, а се затвори во септември оваа година. Експертите очекуваат извештајот да биде оценет позитивно и земјава да добие препорака за започнување на преговори со ЕУ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG