Достапни линкови

Хрватска: исклучување на дијаспората од референдумот за ЕУ?


Загреб
Загреб

Референдумот за влегувањето на Хрватска во Европската унија, според предлогот на владејачката Хрватска демократска заедница, би требало да се одржи само на избирачките места во Хрватска. На таков начин на многубројните хрватски државјани кои живеаат во другите земји ќе им биде ускратено правото на глас кое сега го имаат кога во Хрватска се одржуваат избори.

Хрватската опозиција со години бара на избирачите кои не живеат во Хрватска да им биде одземено правото на глас на парламентарните и претседателските избори. Тоа се образлага со фактот дека тие не живеат во татковината, не плаќаат хрватски даноци и затоа не треба да решаваат за оние што живеат во Хрватска. Непосреден мотив пак, е фактот што гласовите од дијаспората, каде што избирачките списоци не биле добро ажурирани, често пати биле доволни за победа на Ха Де Зе. Но, она што не и успеа на опозицијата, сега, се чини, дека ќе и успее
на самата Хрватска демократска заедница.

,,Според сегашниот нацрт, предвидено е избирачите од таканаречената дијаспора да имаат право да гласаат само на избирачките места во Хрватска, а не надвор од неа. Секако, тоа не е случај со изборите и тоа не чуди.,,

Вели Драган Зелиќ, од невладината група Гонг, додавајќи дека таквиот критериум би требало да важи и за парламентарните и за
ХДЗ се плаши од гласовите кои би можеле да бидат против влегувањето на Хрватска во Европската унија. Ха Де Зе страхува од мал одѕив на избирачите во дијаспората, кој понекогаш е само дваесет насто.
претседателските избори. Коментаторот на Јутарњи лист Давор Бутковиќ наведува дека предлогот на Ха Де Зе со кој де факто се исклучува дијаспората од референдумот за влегувањето на Хрватска во Европската унија веднаш беше критикуван од медиумите со десничарски предзнак, па, како што додава, не е исклучено оваа партија да го повлече или да го измени. Но, според Бутковиќ, мотивот на Хрватската демократска заедница е јасен:

,,Ха Де Зе се плаши од гласовите кои би можеле да бидат против влегувањето на Хрватска во Европската унија. Ха Де Зе страхува од мал одѕив на избирачите во дијаспората, кој понекогаш е само дваесет насто. Тоа не се однесува за Босна и Херцеговина, туку за другите места во дијаспората.,,

Целта, како што додава Бутковиќ, е успех на референдумот. Она што е за критика е начинот на кој се сака да се постигне тоа.

,,Владата на Ха Де Зе и парламентарното мнозинство се обидуваат да артикулираат извесен изборен инжењеринг со цел референдумот да мине без проблеми. Она што е скандалозно е фактот што се воведуваат двојни критериуми за правото на глас.,,

Оценува Давор Бутковиќ, коментатор во весникот Јутарњи лист.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG