Достапни линкови

Евакуирани туристи поради пожар на грчки остров


Стотици туристи од хотел на грчкиот остров Евбеја, кој е зафатен од голем шумски пожар, биле безбедно евакуирани, соопштиле грчките власти . Во пожарот нема настрадани. Засега е непознато од каде се туристите и што е придизвикувач на пожарот. Над 70 пожарникари, со 23 пожарникарски возила и седум противпожарни авиони, се обидуваат да го изгаснат пожарот, што е разгоруван од силниот ветер.


XS
SM
MD
LG